СОВЕТУВАЊЕ ЗА АКТУЕЛНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ ПРИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА И ЗАКОНОТ ЗА УПРАВНИТЕ СПОРОВИТЕ

Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје одржа практично советување на тема „Актуелности и предизвици во имплементација на Законот за општа управна постапка и Законот за управните спорови: постапка пред првостепен орган, правна заштита и управносудска постапка“ на 09.11.2018 год. во хотел Квинс, Скопје.

Првиот дел од советувањето беше посветен на спроведувањето на управната постапка пред првостепен орган со осврт на новините од ЗОУП, проблемите кои се однесуваат на одредбите за електронска комуникација, досегашната примена на ЗОУП со презентација на практични примери и препораки, најчести грешки и дилеми, итн.

Вториот дел од советувањето беше посветен на правната заштита во управната постапка. Во рамките на оваа сесија најпрво беа презентирани начините за остварување на правната заштита, а низ практични примери беа укажани најчестите грешки во управните постапки, како и препораки како грешките да бидат избегнати.

Третиот дел беше посветен на поведување на управен спор и водење на управносудска постапка. Во таа насока беа елаборирани примери од првостепената и управносудската пракса.

Предавачи на ова советување беа извонредните правници со големо искуство во управната материја -

Југослав Ѓорѓиевски, самостоен консултант и член на работната група за изготвување на ЗОУП и Жарко Хаџи-Зафиров, адвокат чијашто специјалност се управните постапки и управните спорови.

Developed By: