ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА НОВИНИ ВО ПРОПИСИТЕ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

На 29.11.2018 год. во организација на АЦТ! ДОО Скопје беше одржано советување на тема „Новини и предизвици во имплементација на законите за јавната администрација (нова методологија за функционална анализа, планирање на вработувања и спроведување на постапките за вработувања)“ во хотел Квинс, Скопје.

На советувањето во фокус на интерес беа:

- Нова методологија за спроведување на функционалната анализа; - Планирање на вработувања; - Осврт на дилеми при спроведување на постапка за оценување на административни службеници; - Спроведување на постапки за вработување; - Спроведување на постапки за унапредување и испит за административно управување и - Други прашања кои се од интерес на учесници и кои се однесуваат на законите за вработени во јавниот сектор и административни службеници.

Методологијата врз основа на која се реализираше советувањето беше интерактивен и практичен пристап, со компетентни предавачи, експерти со долгогодишно искуство во областа на управување со човечки ресурси, изработка на прописите и воопшто - реформа на јавната администрација, и тоа: Миланчо Успрцов, генерален секретар, Агенција за администрација и Дарко Јаневски, правен консултант и експерт за спроведување на функционална анализа.

Developed By: