На 20.02.2019 год. во организација на АЦТ! во хотел Квинс беше одржано уште едно советување наменето за договорните органи на тема „Спецификите на новиот Закон за јавните набавки и насоки за негова правилна примена“. Над 100 претставници на договорните органи имаа можност да се запознаат со новините и подобрувањата на целокупниот систем за јавни набавки во чекор со европската регулатива, добијат одговори, разменат мислењa и дискусија со лица вклучени во процесот на изготвување на новиот Закон за јавни набавки и подетално да се запознаат со новите алатките што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки.
Советувањето го карактеризираше високо интерактивно ниво со дискусии и примери за тоа што нѐ очекува со новиот Закон за јавните набавки. На ова советување учесниците имаа можност да бидат запознаени со најважните измени како во регулативата, така и на ЕСЈН и да ги чујат објаснувањата за потребата од нивното воведување од лицата вклучени во процесот на подготовка на новиот Закон за јавни набавки, долгогодишни експерти во област на јавните набавки, и тоа:
2023 ACT Consultancy services