ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА АКТУЕЛНОСТИ ПРИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ТУЖБЕНИ БАРАЊА И СУДСКА ПРАКСА

На 01.03.2019 год. во организација на АЦТ! беше одржано советување на тема „Начин и постапка за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, давање под закуп, засновање на стварна службеност, давање на трајно користење и пренесување на правото на сопственот на градежно земјиште, тужбени барања и судска пракса од област на градежно земјиште и други закони“.

На советувањето во фокус на интерес беа:

- Начин и постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање, начин и постапка на поднесување на пријава за учество на јавно наддавање со практичен пример и начин на утврдување на почетната цена за јавно наддавање

- Начин и постапка на водење на постапките за отуѓување, давање под закуп, засновање на стварна службеност, давање на трајно користење и пренесување на правото на сопственот на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, начин на поднесување на барањата со практични примери и начин на формирање на цената за градежното земјиште

- Тужбени барања и судска пракса од област на градежно земјиште    

- Тужбени барања како резултат на управни постапки поведени по Закон за градење, Закон за градежно земјиште, Закон за постапување со бесправно изградени објекти, Закон за денационализација, Закон за експропријација, Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и

- Осврт на судска пракса произлезена од Законот за градежно земјиште со осврт на постапки за отуѓување на градежно земјиште

Советувањето помина во интерактивна атмосфера благодарение не плодотворните дискусии и прашања од страна на повеќе од 70 учесници, а предавачите чие долгогодишно искуство областа на градежно земјиште и судска пракса ќе дадат дополнителна вредност на самото советување.

Предавачи на советувањето беа:

  • Анета Јорданова
  • Дејан Митески
  • Судија Љубица Колиќ, Основен суд Скопје 2

Developed By: