На 25.03.2019 год. во хотел Квинс во организација на АЦТ! ДОО Скопје беше одржано советување на тема „Новини во прекршочната постапка низ призма на новиот Закон за прекршоците“ на кое присуствуваа повеќе од 40 учесници.
Со новиот Закон за прекршоците (во завршна собраниска процедура) се очекува да подобри ефикасноста на прекршочната постапка преку намалување на висината на глобите, изрекувањето на опомена пред изрекување на глоба, разграничување на административните и судските прекршоци, односно се воведуваат значајни промени во самата прекршочна постапка, но и во делот на правна заштита. Имајќи го сето ова во предвид, како и процесот на усогласување на бројни материјални закони со Законот за прекршоците го организиравме ова советување со цел навремено да се подготват сите засегнати страни за примена на споменатиот закон.
Во првиот дел од советувањето се даде осврт на новиот ЗП (очекувани ефекти, цели, осврт на новите подзаконски акти и насоки за усогласување на материјалните закони со ЗП). Вториот дел од советувањето беше посветен на практичната примена на ЗП, односно на прекршочната постапка пред прекршочен орган низ призма на новиот ЗП, а третиот дел беше посветен на прекршочните санкции за физички и правни лица, посебните прекршочни мерки, застареност на прекршочна санкција и постапки за порамнување и спогодување.
Ценејќи дека додадената вредност на советувањата кои ги организира АЦТ! ДОО Скопје е практичноста и интерактивноста и овојпат поканивме компетентни предавачи, членови на работната група која го изготви новиот ЗП, кои го ставија на располагање своето знаење и професионално искуство во примена на ЗП, давајќи појасни насоки за правилна примена на истиот. Предавачи на ова советување беа:
2023 ACT Consultancy services