Ве покануваме да учествувате на бесплатната обука (составена од две тематски целини) за преработувачката индустрија на теми:
„ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА – максимално искористување на природните ресурси и минимизирање на отпадот“
и
„EФЕКТИТЕ ОД „ЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ“ НА ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА – преку чисто и ефикасно производство до одржлив економски развој и економски раст“
Датум: 12.11.2019 (вторник) и 14.11.2019 (четврток)
Време: 10:00 – 15:00 часот
Место: конференциска сала, хотел Квинс (ТЦ Зебра), Скопје
*Обуките се дел од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019, финансирана од Министерство за економија
За кого се наменети обуките?
Обуките се наменети за претставници на компании од преработувачката индустрија, но и за претставници на други индустрии заинтересирани да се запознаат со зелениот концепт на производство и циркуларната економија како едни од инструментите за одржлив економски раст и развој.
Зошто да се учествува на обуките?
Во истражувањата на Државниот завод за статистика, како и во Индустриската стратегија 2018-2027, како ограничувачки фактори за зголемување на обемот на производство, односно развој и раст на преработувачката индустрија се посочуваат: недостиг на квалификувани човечки ресурси, недоволна домашна побарувачка, неизвесно опкружување и финансиски проблеми.
Циркуларната економија и зелената индустрија преку своите главни карактеристики нудат квалитетни и одржливи решенија за поттикнување на процесот на подобрување на перформансите на преработувачката индустрија. Во последната декада на светско ниво зелените бизниси се во пораст и се една од најбрзо растечките индустрии во светот. Анализите на Светскиот економски форум се дека со воведување на концептот на циркуларна економија профитите ќе се зголемат за третина, ќе се заштеди на материјали со што ќе се оствари економска добивка, а преминот кон иновативно користење на производи, преработка и рециклирање ќе доведе до значителен пораст на создавање работни места.
Запознавањето со зелената индустрија, зелената преработувачка и циркуларната економија овозможува претставниците на преработувачката индустрија да се запознаат со новите технологии, пазарни трендови, потреби на потрошувачите, начините за искористување и развивање на сопствените компетенции, ресурси и знаења. Преку континуираното учење за кое придонесува и оваа обука, се поддржува т.н. конкурентска кондиција на претпријатијата, што несомнено ќе се одрази позитивно врз перформансите на претпријатијата.
Кои се конкретните теми на обуките?
Кои се предавачи на советувањето?
Што добиваат учесниците?
Како да се пријавите за учество?
Бројот на учесници е ограничен, поради што ги охрабруваме заинтересираните учесници што поскоро да испратат пријава со цел да обезбедат учество. Пријавувањето е задолжително. Oд еден правен субјект може да се пријават повеќе учесници.
Пријавувањето за учество на советувањето се врши најдоцна до 11.11.2019 год. (понеделник) на телефон 02/3224-131 или на е-пошта: obuki@act.com.mk
При пријавувањето, Ве молиме, наведете го името, презимето, адресата за е-пошта и телефон за контакт на учесникот/-чката, називот и адресата на правниот субјект. Учеството на обуките е бесплатно.
2023 ACT Consultancy services