Тимот на АЦТ! ДОО Скопје во текот на 2021 година успеа да организира повеќе од 25 едукативни настани. Мерките за претпазливост и превенција од КОВИД-19 не претставуваа пречка во заложбите на АЦТ да понуди разновидна едукативна содржина и да остане препознатлив партнер во професионалната едукација. И оваа, како и претходната година, он-лајн формата беше најсоодветен начин да останеме на располагање на своите клиенти, меѓутоа согласно протоколите за мерки и препораки за заштита од КОВИД-19, АЦТ! успеа да организира и неколку едукативни настани со физичко присуство.
Благодарение на бројните соработници – експерти од различни области во 2021 година АЦТ! реализираше едукативни настани на актуелни теми од повеќе области. Повеќе од 1.000 учесници ги продлабочија своите знаења на повеќе теми, меѓу кои:
- Креирање на правните прописи и транспонирање на законодавството на ЕУ во националното законодавство
- Стандард за општествено одговорно работење СА8000
- Надомест на штета во работните односи и упис на вистински сопственици
- Специфични ситуации и предизвици во јавните набавки со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори
- Насоки за примена и усогласување со новата регулатива од област на заштита на личните податоци
- Градежна парцела - начин и услови на користење и очекувана вредност на земјиштето
- ISO 20000-1 за управување со животниот циклус на ИТ системи
- Новите трендови во безбедност на храна произлезени од GFSI стандардите (FSSC v5.1, IFS v7, BRCGS v8)
- Е-пазар и набавки од мала вредност
- Граѓански спорови кои произлегуваат од реализација на договорите со посебен осврт на договори за градење и соинвеститорство и други.
Во согласност со актуелностите во правната регулатива, интересите на учесниците и практичниот аспект на секој едукативен настан како најпрепознатливи обележја на едукативните настани, тимот на АЦТ! продолжува и во новата 2022 година внимателно да ги селектира темите кои ќе бидат во фокус на идните едукативни настани, како и содржините за кои е потребна компетентна експертска анализа надевајќи се дека и во новата 2022 година ќе даде значаен придонес во професионалната едукација.
2023 ACT Consultancy services