1. ИСКУСТВО ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Цел на ангажманот:
Обезбедување услуги поврзани со Студијата за изработка на извештај за статусот на имплементација на Интегрираниот национален план за енергија и клима (англиски: NECP, романски: PNIESC) и ажурирање на NECP.
Донатор:
Проект „Студијата за изработка на извештај за статусот на имплементација на Интегрираниот национален план за енергија и клима и ажурирање на планот“, финансиран од Министерство за животна средина, води и шуми на Романија, имплементиран од АЦТ! ДОО Скопје и МАНУ
Временски период:
Април 2023 – тековно
Улогата на АЦТ!:
АЦТ! е лидер на групата заедно со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од страна на договорниот орган Министерство за животна средина, води и шуми на Романија за услуги поврзани со Студијата за изработка на извештај за статусот на имплементација на Интегрираниот национален план за енергија и клима (англиски: NECP, романски: PNIESC) и ажурирање на NECP.
Поконкретно, АЦТ! и МАНУ ги спроведуваат следните активности:
- Извештај за статусот на имплементација на Интегрираниот национален план за енергија и клима вклучувајќи ги димензиите на декарбонизација, енергетска ефикасност, енергетска безбедност, внатрешен енергетски пазар, истражувања, иновации и конкурентност, политики и мерки и други обврски за известување,
- Изработка на прелиминарен проект за ажурирање на Националниот план за енергија и клима вклучувајќи модел и развој на сценарија, проценка на моменталната состојба и проекции на постојните политики и мерки, национални цели и проценка на влијание на развојниот процес, спроведување на консултации за нацртот на Националниот план за енергија и клима, подготовка на финален документ на Националниот план за енергија и клима, поддршка на вклучените страни при оценка на животната средина, како и обезбедување помош на вклучените страни и клучните чинители во текот на сите активности.

Опис на Проектот
Поддршката на реформите во секторот енергетика во Северна Македонија е дел од Проектот на УСАИД за развој на регионални енергетски пазари. Проектот во Северна Македонија започна во декември 2017, и се фокусира на обезбедување на техничка помош и градење на капацитетите на Владата на Република Северна Македонија за усогласување на националното законодавство со политиките и регулативите на Европската Унија (ЕУ), согласно Третиот енергетски пакет и соодветно транспонирање на релевантото ЕУ законодавство. Главна цел на Проектот е да го унапреди деловното опкружување во енергетскиот сектор, и да обезбеди правна рамка за отворен, транспарентен и динамичен пазар на енергија и подобри енергетски услуги за домаќинствата и индустријата.
Проектни цели
Целите на Проектот во Северна Македонија се:
- Да и помогне на Владата на Република Северна Македонија целосно да го усогласи националното законодавство со Третиот Енергетски пакет на ЕУ и барањата на Енергетската Заедница (ЕЗ), со што ќе се создадат подобри услови за развој на пазарите на енергија, согласно начелата на конкуренција, транспарентност и недискриминација, што ќе резултира во подобри енергетски услуги за потрошувачите, како за домаќинствата така и за индустриските капацитети.
- Да и помогне на Владата на Република Северна Македонија да го усогласи националното законодавство со Директивата за Енергетска ефикасност на ЕУ, и барањата на ЕЗ, со што ќе се создаде законска основа и поволни услови за зголемување на енергетската ефискасност, намалување на потрошувачката на енергија, и развој на нови енергетски услуги како и пазар за овие услуги, што ќе резултира во отварање на нови работни места.
- Да го подобри деловното опкружување за обновливите извори на енергија (ОИЕ), со цел да го стимулира искористувањето на ОИЕ, преку поедноставување на процедурите за инвестирање во ОИЕ и воведување на нови шеми за поддршка на ОИЕ на транспарентен и недискриминаторен начин, преку пазарно засновани процедури, што ќе има позитивно влијание на конкуренцијата и ќе се овозможи поквалитетно искористување на обновливата енергија.
Партнери на Проектот
Проектот во Северна Македонија ги развива, координира и имплементира активностите во соработка со главните проектни партнери:
- Кабинет на Заменик на претседателот на Владата на Р. С. М. задолжен за економски прашања и координација со економските ресори
- Министерство за економија
- Регулаторна комисија за енергетика
- Агенција за енергетика
- Асоцијација за обновлива енергија при Стопанската комора на Македонија
Имплементатори на Проектот
Поддршката на реформите во секторот енергетика во Северна Македонија е имплементирана од Тетра Тек ЕС Инц. Арлингтон, САД (договорувач на УСАИД) и Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје (поддоговорувач), во рамките на Проектот на УСАИД за развој на регионални енергетски пазари.

Цел на ангажманот:
Зајакнување на управувањето на домашните и интегрираните регионални пазари на енергија, намалување на зависноста од извори на енергија од малигни актери и подобрување на отпорноста на енергетскиот систем
Донатор:
Проект „Поврзување за раст“ финансиран од USAID, имплементиран од RTI и подизведувачот АЦТ! ДОО Скопје
Временски период:
април 2022 – тековно
Улогата на АЦТ!:
Обезбедување помош на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во драфтирање/финализирање на Правилата за пазарот на електрична енергија, финализирање на нацрт-амандманите на Законот за енергетика, вклучувајќи ги задолжителните придружни документи како што се табелите за усогласеност, проценката на влијанието на регулативата, образложението; изработка на ГАП анализа за постојната правна рамка и практика во Северна Македонија во однос на барањата на одлуките на Министерскиот совет на Енергетската заедница и изготвување законски одредби врз основа на заклучоците и препораките од ГАП анализата; Обезбедување помош на РКЕ за подготовка на тендерска документација за избор на снабдувач во краен случај на природен гас.
Цел на ангажманот:
Подобрување на енергетската безбедност на Косово преку зајакнување на капацитетот и одржливоста на локалните институции со цел унапредување на развојот на енергетскиот пазар и регионалната интеграција и олеснување на инвестициите во енергетската инфраструктура.
Донатор:
Проект за активности за енергетска ефикасност на Косово, финансиран од УСАИД и имплементиран од TetraTech и подизведувачот АЦТ! ДОО Скопје
Временски период:
јули 2021 - тековно
Улогата на АЦТ!:
Вклученост во спроведување на следните проектни активности: 1) ажурирање на примарното и секундарното законодавство за усогласување со acquis на Енергетската заедница; 2) дизајнирање и спроведување на јавни набавки за доделување на јавно-приватни партнерства за обновливи извори на енергија и 3) развивање прирачник за поддршка на инвеститорите во обновливи извори на енергија за Владата на Косово со цел промовирање на инвестициите на приватниот сектор во производството на ОИЕ.
Цел на ангажманот:
Поддршка на Владата на Република Северна Македонија во остварувањето на нејзините цели во енергетскиот сектор преку креирање на сите политички и правни предуслови усогласени со барањата на Енергетската заедница.
Донатор:
Проект за развој на регионални енергетски пазари, финансиран од УСАИД и имплементиран од TetraTech и подизведувачот АЦТ! ДОО Скопје
Временски период:
декември 2017 – декември 2021
Улогата на АЦТ!:
Подготовка на сегашниот Закон за енергетика и измените и дополнувањата на законот како дел од експертскиот тим, подготовка на сет од подзаконски акти за обновлива енергија (ОЕ), драфтирање или прегледување и ревидирање на други подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за енергетика, подготовка на компаративна анализа за шемите за поддршка на ОЕ со фокус на премиите и анализа на гаранциите за потекло, поддршка на подготовка и имплементација на следните јавни набавки: за избор на универзален снабдувач на електрична енергија, за доделување премии и за избор на преземач на електричната енергија произведена од производителите на РЕ, поддршка на процесот на сертификација на операторот на на електропреносниот систем, создавање на поволна средина за купувачите, подготовка и испорака на презентации на јавни нстани, организирани форуми на засегнати страни за РЕ, итн.
Цел на ангажманот:
Поддршка на Инспекцискиот совет и инспекциските органи во Република Северна Македонија во развивањето и имплементацијата на листи за проверка.
Донатор:
Проект за подобрување на инспекцискиот надзор, финансиран од ЕБРД и имплементиран од IDEAS DePo
Временски период:
ноември 2019 – мај 2020
Улогата на АЦТ!:
Развивање на инспекциски листи за проверка за преку 40 закони врз основа на претходно развиени Инструкции за креирање листи за проверка и обрасци; координирање на тимот од експерти кои ги развиваат листите за проверка; организација и учество на средби со координаторот на Инспекцискиот совет и со инспекциските органи за дискусија и средување на нацрт-листите за проверка; разгледување и давање предлози за усогласување на прекршочните одредби од материјалните закони со новиот Закон за прекршоците.

Цел на ангажманот:
Поедноставување на процесот и административните постапки за развој и инвестирање во проекти за обновливи извори на енергија (ОИЕ) со цел намалување на емисиите на стакленички гасови.
Донатор:
Проект „Инвестиции во чиста енергија“ финансиран од УСАИД и имплементиран од Винрок Интернешнел
Временски период:
март 2015 – тековно
Улогата на АЦТ!:
Спроведување на детални анализи на законодавството и постапки за ОИЕ, земјишта (планирање, пренос и пренамена) и индустриски-зелени зони; изработка на измени и дополнувања на различни закони и подзаконски акти поврзани со ОИЕ и енергетската ефикасност (со фокус на енергетските контроли); анализи на законодавства и системи за повластена тарифа за ОИЕ и индустриски-зелени зони во други држави; изработка на Програма за обука на енергетски контролори и поддршка во нејзиното спроведување; учество во работни групи; спроведување на презентации и обуки, редовна координација со засегнатите страни и донатори од областа на ОИЕ и енергетска ефикасност.
Цел на ангажманот:
Поддршка во трансформирање на Иницијативата за соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа за регионално планирање на преносните електроенергетски мрежи (СЕКИ) во правно лице со седиште во Република Македонија
Донатор:
Проект финансиран од УСАИД и имплементиран од Енергетската Асоцијација на САД
Временски период:
април 2015 – тековно
Улогата на АЦТ!:
Истражување на опции за трансформирање на СЕКИ во правно лице со седиште во Република Македонија (НВО, трговско друштво и сл.) и изработка на документ кој содржи: позитивни и негативни страни на опциите, постапки кои треба да се преземат и документи кои треба да е подготват за да се основа и регистрира правно лице. Изработка на Меморандум за разбирање и соработка кој треба да биде склучен од страните во СЕКИ ТСП заради основање на правното лице.
Цел на ангажманот:
Изработка на техничка спецификација и давање насоки за изработка на веб страница (решение за е-Влада) на Инспекцискиот совет на Република Македонија.
Донатор:
Проект ИДЕАС, финансиран од УСАИД и имплементиран од Буз Ален Хамилтон и подизведувачот Центар за развојни политики ИДЕАС ДеПо
Временски период:
февруари – јуни 2015
Улогата на АЦТ!:
Експертот на АЦТ! спроведе анализа на постојните веб страници и системи во Инспекцискиот совет и поголемите инспекторати и изготви детална техничка спецификација и насоки за развој на веб страница и решение за е-Влада за основните инспекциски работи. Експертот на АЦТ! исто така, даде поддршка при изборот на ИТ компанија која ќе го изработи решението за веб страницата, при имплементацијата на решението кое ќе ја направи работата на инспекциските органи поефикасна и потранспарентна.
Цел на ангажманот:
Анализа на статусот, правната рамка и имплементацијата на е-трговија во Република Македонија.
Донатор:
Проект ИДЕАС, финансиран од УСАИД и имплементиран од Буз Ален Хамилтон
Временски период:
мај – септември 2014
Улогата на АЦТ!:
Експерт од АЦТ! ги идентификува главните засегнати страни во областа на е-трговија, одржа серија состаноци со работната група формирана за оваа намена од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и индивидуални состаноци со релевантните засегнати страни со цел да се соберат информации за состојбата и за функционирањето на е-трговијата во Република Македонија. Експертот спроведе детална анализа и на релевантните прописи, извештаи, публикации и статистички податоци. Врз основа на овие активности се изработи извештај со наоди и препораки кои се презентираа пред проектот и МИОА.
Цел на ангажманот:
Поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во анализата и подобрувањето на Единствениот национален регистар на прописи - ЕНЕР.
Донатор:
Проект ИДЕАС, финансиран од УСАИД и имплементиран од Буз Ален Хамилтон
Временски период:
јули – септември 2013
Улогата на АЦТ!:
Експерт од АЦТ! им помогна на вработените во МИОА да го проценат и унапредат ЕНЕР како инструмент за постојани консултации со јавноста во регулаторниот процес. Експертот направи преглед на постоечкото решение на ЕНЕР и компаративна анализа на слични решенија и искуства од други држави. Изработените препораки се однесуваат на надградби и подобрувања од технички, правен и промотивен карактер, кои треба да се имплементираат на краток и среден рок.
Цел на ангажманот:
Спроведување на анализа на јазовите во процесот на собирање податоци и известувањето за потребите на енергетскиот биланс, инвентарот на стакленички гасови, како и на Енергетската заедница.
Донатор:
Регионален проект „Зајакнувањето на капацитетите за развој на стратегии за ниски емисии на стакленички гасови“ финансиран од УСАИД и имплементиран од Тетра Тек
Временски период:
јули – септември 2012
Улогата на АЦТ!:
Експертот на АЦТ! спроведе анализа на прописи со цел да се идентификуваат недостатоците и предложените измени и дополнувања заради воспоставување на нов начин на собирање на податоци, подобрување на квалитетот (содржината) на податоците и известување на податоците за потребите на енергетскиот биланс, инвентарот на стакленички гасови, како и на Енергетската заедница.
Цел на ангажманот:
Анализа на правните, организациските и техничките барања потребни за спроведување на е-фактурирање во земјата и помош во воспоставување на соодветна правна рамка.
Донатор:
Проект „Партнери за финансиска стабилност“ финансиран од УСАИД и имплементиран Deloitte
Временски период:
јануари - декември 2012
Улогата на АЦТ!:
Експерт од АЦТ! му помагаше на странскиот експерт во спроведување на анализа и изработка на детален акционен план за чекорите што треба да се преземат од страна на различни државни институции заради воведување на е-фактура, кој беше презентиран пред меѓуресорската работна група. Експертот на АЦТ! му помогна на Министерството за финансии во изработка на измените на Законот за ДДВ и Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, како и на неколку подзаконски акти кои произлегуваат од истите заради давање правен основ за е-фактурирање.
Цел на ангажманот:
Анализа на постојната и изработка на нова програма за обука на економски оператори во рамките на Центарот за обука за јавни набавки (ЦОЈН).
Донатор:
УСАИД, проект имплементиран од Светско учење Македонија
Временски период:
јануари – март 2012
Улогата на АЦТ!:
Експертот на АЦТ! изврши анализа на: постоечката програма за обука за јавни набавки, извештаите за претходно спроведеното слично истражување и извештаите за евалуација на последните 5 завршени обуки спроведени во рамките на ЦОЈН. Врз основа на анализата, експертот разви нова детална програма за обука за јавни набавки за економските оператори.
Цел на ангажманот:
Изготвување на Правилник за еко дизајн на производи кои користат или влијаат врз потрошувачката на енергија.
Донатор:
ГИЗ Координативна канцеларија во Црна Гора
Временски период:
август 2011 – февруари 2012
Улогата на АЦТ!:
Експертот на АЦТ! го изготви Правилникот за еко дизајн на производи кои користат или влијаат врз потрошувачката на енергија, во којшто беа транспонирани релевантните прописи на ЕУ, вклучувајќи и изготвување на Кореспондентни табели. При тоа, експертот на АЦТ! ги имаше предвид и регионалните искуства и ги адаптираше кон специфичностите на националниот правен систем.
Цел на ангажманот:
Целта на ангажманот беше да се евалуира нивото на задоволство на БЈН од услугите што им ги обезбедува, како и да се оцени напредокот во спроведувањето на надлежностите на БЈН и воопшто во јавните набавки во Република Македонија, откако заврши циклусот интервенции поддржани од Програмата.
Донатор:
УСАИД, проект имплементиран од Светско учење Македонија
Временски период:
декември 2010 – март 2011
Улогата на АЦТ!:
Експертот на АЦТ! спроведе интервјуа со претставници на 25 договорни органи и 25 економски оператори и состави извештај во кој се содржани наоди и препораки во областа на јавните набавки, и го претстави извештајот пред корисниците и донаторите.
Цел на ангажманот:
Мобилизирање на локалните ресурси на Градот Скопје, промоција на општинските потенцијали и расположиви локации за инвестирање кои ќе се рефлектираат во „Водич за инвеститори“ чија цел е да послужи како корисна алатка за зголемување на интересот на домашните и странски инвеститори за вложувања во Градот Скопје.
Донатор:
Град Скопје
Временски период:
декември 2010 – април 2011
Улогата на АЦТ!:
Експертите на АЦТ! беа ангажирани за осмислување на концептот и содржината на Водичот, собирање на потребните податоци за потенцијалната понуда на градот и општините во градот за привлекување на инвеститори, како и обезбедување на дескриптивна и графичка презентација.
Цел на ангажманот:
Извештај за е-Трговија кој ги содржи деталните наоди и препораки за сите законски, административни и практични аспекти на е-Трговијата во Република Македонија.
Донатор:
УСАИД, проект имплементиран од Интерњус Нетворк
Временски период:
август – ноември 2010
Улогата на АЦТ!:
Експертот на АЦТ! изврши анализа на состојбата со е-трговијата во Република Македонија, изготви извештај со наоди и препораки и го презентираше на засегнатите страни.
Цел на ангажманот:
Воведување, развој и имплементација на апликации и системи за е-Влада со цел да се развие информатичкото општество во РМ и да се придонесе кон модернизација и зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација.
Донатор:
УСАИД, проект имплементиран од Интерњус Нетворк
Временски период:
август 2010 – март 2011
Улогата на АЦТ!:
АЦТ! беше ангажиран во имплементацијата на повеќе активности од овој проект, односно во сите правни аспекти на проектот поврзани со анализа и измени на релевантни национални прописи, со работењето на проектот, но исто така и со одржување на бројни презентации и обуки во областа на работењето. Областите во кои АЦТ придонесе се: јавни набавки, увозно-извозни дозволи, пријавување/одјавување на работни односи, електронски документи и електронски потпис, авторски права и др.
Цел на ангажманот:
Анализа за организациска поставеност на Агенцијата за странски инвестиции од аспект на трговска промоција.
Донатор:
УСАИД, проект имплементиран од Буз Ален Хамилтон
Временски период:
ноември – декември 2009
Улогата на АЦТ!:
АЦТ! беше ангажиран да изработи споредбена Анализа и препораки за организациската поставеност на Агенцијата за странски инвестиции во однос на други агенции на кои им се доделени двојни надлежности (инвестициска и трговска промоција). Анализата им беше доставена на Министерството за економија и Агенцијата за странски инвестиции.
Цел на ангажманот:
Анализа на македонската извозна индустрија
Донатор:
Координациона канцеларија на ГТЗ во Скопје
Временски период:
мај – јули 2009
Улогата на АЦТ!:
АЦТ! беше ангажиран од ГТЗ да изработи прашалник, спроведе интервјуа и истражување на избрана група на македонски извозно - ориентирани компании и да изработи и достави финална анализа и препораки за материјата.
Цел на ангажманот:
Спроведување на истражување на теми поврзани со инвестирањето.
Донатор:
Светска банка
Временски период:
април 2009 и октомври 2011
Улогата на АЦТ!:
АЦТ! беше ангажиран да спроведе истражување на следните 4 теми поврзани со инвестирање: започнување на странски бизнис, инвестирање во различни сектори, пристап до земјиште и арбитражно решавање на спорови.
Цел на ангажманот:
Унапредување на статусот на етничките малцинства и зајакнување на капацитетите за активно учество во креирањето на јавната политика на национално и локално ниво.
Донатор:
Европска Комисија во рамките на EIDHR и ФИООМ, имплементирано од НВО Заеднички вредности
Временски период:
јули- октомври 2008
Улогата на АЦТ!:
Во рамките на втората компонента (Лобирање и застапување и подигање на јавната свест) експерт на АЦТ! беше ангажиран да ја изработи следната публикација: “Водич низ националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на заедниците во Република Македонија”.