Објавен e новиот Закон за заштита на потрошувачите

Поради неколкукратните измени, пред сѐ предизвикани од потребата да се усогласува со законодавството на Европската унија (ЕУ), Законот за заштита на потрошувачите од 2004 година стана акт кој беше тешко функционален и неразбирлив. Од таа причина се донесе нов Закон за заштита на потрошувачите.


Новиот закон, покрај тоа што е усогласен со 14 акти на ЕУ, истовремено подетално ја регулира заштитата на правата на потрошувачите при користење на услуги од електронски  системи и се усогласува со Законот за прекршоците. Со новиот Закон појасно се определени обврските кои треба да ги исполнат трговците и правните лица во односите со потрошувачите. Со примената на новиот Закон за заштита на потрошувачите, особено се очекува да се обезбеди:


- високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено се гарантираат полесни услови за деловно работење,зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите,

- подобри механизми за поддршка на потрошувачите за решавање на нивните приговори и

- адекватни услови за имплементација на политиките за безбедност на производи


Несомнено дека овој закон, со кој се опфаќаат илјадници зделки во трговијата и услугите, е многу важен за сите – за производителите, за трговците, за давателите на услуги, за институциите и пред сѐ лицата кои секојдневно се во улога на потрошувач.


Поради тоа, тимовите на АЦТ! и ПРАКСИС од 14.12.2022 година ќе започнат со серија обуки со цел сите заинтересирани лица да ги добијат потребните информации знаења за да можат успешно и правилно да го применуваат новиот Закон за заштита потрошувачите.


За да бидете во тек со сите новини во домашното законодавство, законодавството на Европската Унија и регионот, домашната судска пракса и праксата на Европскиот суд за човекови права, како и содржинските и функционални промени на ПРАКСИС, пријавете се за да го добивате ПРАКСИС ИНФОРМАТОРОТ на вашата е-меил адреса на kontakt@praksis.mk

Developed By: