Постојат голем број начини на кои можете да работите за и со Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје. Нашите активности главно се фокусирани во Република Македонија и регионот, обезбедувајќи правни и друг вид консултантски услуги во јавниот и приватниот сектор.

ПОВРЗУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ И ЕКСПЕРТИ

Нашиот тим им помага на консултантските фирми да се поврзат со експерти и консултанти и да остварат соработка. Располагаме со солидна база на податоци за експерти со искуство во донаторски проекти. Доколку сакате да бидете вклучени во базата на експерти испратете го вашето CV на: info@act.com.mk


ПОДИЗВЕДУВАЊЕ И АУТСОРСИНГ

Ние се имаме докажано како сигурен подизведувач и аутсорсинг партнер на други големи консултантски фирми кои имплементираат донаторски проекти, како и важен аутсорсинг партнер за бројни инвеститори кои се решиле да ги аутсорсираат нивните правни, административни и други видови на функции на поддршка на главниот деловен потфат.


РАБОТНИ МЕСТА ВО АЦТ!

Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ангажира талентирани лица од земјата да волонтираат во ограничен временски период и / или да работат во нашата канцеларија во Скопје. Ги охрабруваме лицата чиј што работен интерес е во полињата на експертиза и дејствување на АЦТ! да ги достават своите биографии до: info@act.com.mk