Дарко Јаневски е со-основач и правен / проектен консултант во Друштвото за консултантски услуги АЦТ! доо Скопје. Дипломиран на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје (1996-2000), тој во моментов го подготвува неговиот магистерски труд во областа на деловното право на ЕУ. Во текот на неговата 15-годишна професионална кариера има обезбедувано правни и аналитички услуги, управувано со проекти и одржано бројни обуки.
Неговиот најдолготраен работен ангажман е поврзан со Проектот за е-Влада, финансиран од УСАИД (2004-2011), во текот на кој ги даваше следните услуги: анализа на постоечкото национално законодавство, драфтирање на различни правни акти за државните институции и договори со компании; подготовка, спроведување и евалуација на тендери; управување со проектите и електронските системи за е-Влада и спроведување на обуки од областа на: е-набавки, е-потписи, е-Влада, итн.
Клучни квалификации: анализа и составување на правни акти, учество во проекти насочени кон реформи на јавната администрација и одржување на обуки. Тој е вклучен како главен експерт или член во бројни работни групи формирани да драфтираат различни прописи, најчесто поврзани со транспонирањето на ЕУ законодавство. Има одржано преку стотина обуки и предавања на различни целни групи (државни службеници, претставници на деловна заедница, студенти и активисти на НВО). Тој има управувано со неколку проекти или проектни компоненти и бил претседател на две невладини организации.
Преку бројни краткорочни и долгорочни ангажмани на проекти финансирани од разни странски донатори (УСАИД, ЕУ, ИФЦ ГИЗ и др.) има стекнато експертиза во следните сектори: јавни набавки (сертифициран обучувач), законодавство за државните службеници и административните постапки, е-Влада и е-трговија, заштита на личните податоци, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност и интелектуална сопственост (овластен застапник за индустриска сопственост)