1. ИСКУСТВО ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Цел на ангажманот:

Поедноставување на процесот и административните постапки за развој и инвестирање во проекти за обновливи извори на енергија (ОИЕ) со цел намалување на емисиите на стакленички гасови.

Донатор:

Проект „Инвестиции во чиста енергија“ финансиран од УСАИД и имплементиран од Винрок Интернешнел

Временски период:

март 2015 – тековно

Улогата на АЦТ!:

Спроведување на детални анализи на законодавството и постапки за ОИЕ, земјишта (планирање, пренос и пренамена) и индустриски-зелени зони; изработка на измени и дополнувања на различни закони и подзаконски акти поврзани со ОИЕ и енергетската ефикасност (со фокус на енергетските контроли); анализи на законодавства и системи за повластена тарифа за ОИЕ и индустриски-зелени зони во други држави; изработка на Програма за обука на енергетски контролори и поддршка во нејзиното спроведување; учество во работни групи; спроведување на презентации и обуки, редовна координација со засегнатите страни и донатори од областа на ОИЕ и енергетска ефикасност.

Цел на ангажманот:

Поддршка во трансформирање на Иницијативата за соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа за регионално планирање на преносните електроенергетски мрежи (СЕКИ) во правно лице со седиште во Република Македонија 

Донатор:

Проект финансиран од УСАИД и имплементиран од Енергетската Асоцијација на САД

Временски период:

април 2015 – тековно

Улогата на АЦТ!:

Истражување на опции за трансформирање на СЕКИ во правно лице со седиште во Република Македонија (НВО, трговско друштво и сл.) и изработка на документ кој содржи: позитивни и негативни страни на опциите, постапки кои треба да се преземат и документи кои треба да е подготват за да се основа и регистрира правно  лице. Изработка на Меморандум за разбирање и соработка кој треба да биде склучен од страните во СЕКИ ТСП заради основање на правното лице.

Цел на ангажманот:

Изработка на техничка спецификација и давање насоки за изработка на веб страница (решение за е-Влада) на Инспекцискиот совет на Република Македонија.

Донатор:

Проект ИДЕАС, финансиран од УСАИД и имплементиран од Буз Ален Хамилтон и подизведувачот Центар за развојни политики ИДЕАС ДеПо

Временски период:

февруари – јуни 2015

Улогата на АЦТ!:

Експертот на АЦТ! спроведе анализа на постојните веб страници и системи во Инспекцискиот совет и поголемите инспекторати и изготви детална техничка спецификација и насоки за развој на веб страница и решение за е-Влада за основните инспекциски работи. Експертот на АЦТ! исто така, даде поддршка при изборот на ИТ компанија која ќе го изработи решението за веб страницата, при имплементацијата на решението кое ќе ја направи работата на инспекциските органи поефикасна и потранспарентна.

Цел на ангажманот:

Анализа на статусот, правната рамка и имплементацијата на е-трговија во Република Македонија.

Донатор:

Проект ИДЕАС, финансиран од УСАИД и имплементиран од Буз Ален Хамилтон

Временски период:

мај – септември 2014

Улогата на АЦТ!:

Експерт од АЦТ! ги идентификува главните засегнати страни во областа на е-трговија, одржа серија состаноци со работната група формирана за оваа намена од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и индивидуални состаноци со релевантните засегнати страни со цел да се соберат информации за состојбата и за функционирањето на е-трговијата во Република Македонија. Експертот спроведе детална анализа и на релевантните прописи, извештаи, публикации и статистички податоци. Врз основа на овие активности се изработи извештај со наоди и препораки кои се презентираа пред проектот и МИОА.

Цел на ангажманот:

Поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во анализата и подобрувањето на Единствениот национален регистар на прописи - ЕНЕР.

Донатор:

Проект ИДЕАС, финансиран од УСАИД и имплементиран од Буз Ален Хамилтон

Временски период:

јули – септември 2013

Улогата на АЦТ!:

Експерт од АЦТ! им помогна на вработените во МИОА да го проценат и унапредат ЕНЕР како инструмент за постојани консултации со јавноста во регулаторниот процес. Експертот направи преглед на постоечкото решение на ЕНЕР и компаративна анализа на слични решенија и искуства од други држави. Изработените препораки се однесуваат на надградби и подобрувања од технички, правен и промотивен карактер, кои треба да се имплементираат на краток и среден рок.

Цел на ангажманот:

Спроведување на анализа на јазовите во процесот на собирање податоци и известувањето за потребите на енергетскиот биланс, инвентарот на стакленички гасови, како и на Енергетската заедница.

Донатор:

Регионален проект „Зајакнувањето на капацитетите за развој на стратегии за ниски емисии на стакленички гасови“ финансиран од УСАИД и имплементиран од Тетра Тек

Временски период:

јули – септември 2012

Улогата на АЦТ!:

Експертот на АЦТ! спроведе анализа на прописи со цел да се идентификуваат недостатоците и предложените измени и дополнувања заради воспоставување на нов начин на собирање на податоци, подобрување на квалитетот (содржината) на податоците и известување на податоците за потребите на енергетскиот биланс, инвентарот на стакленички гасови, како и на Енергетската заедница.

Цел на ангажманот:

Анализа на правните, организациските и техничките барања потребни за спроведување на е-фактурирање во земјата и помош во воспоставување на соодветна правна рамка.

Донатор:

Проект „Партнери за финансиска стабилност“ финансиран од УСАИД и имплементиран Deloitte

Временски период:

јануари - декември 2012

Улогата на АЦТ!:

Експерт од АЦТ! му помагаше на странскиот експерт во спроведување на анализа и изработка на детален акционен план за чекорите што треба да се преземат од страна на различни државни институции заради воведување на е-фактура, кој беше презентиран пред меѓуресорската работна група. Експертот на АЦТ! му помогна на Министерството за финансии во изработка на измените на Законот за ДДВ и Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, како и на неколку подзаконски акти кои произлегуваат од истите заради давање правен основ за е-фактурирање.

Цел на ангажманот:

Анализа на постојната и изработка на нова програма за обука на економски оператори во рамките на Центарот за обука за јавни набавки (ЦОЈН).

Донатор:

УСАИД, проект имплементиран од Светско учење Македонија

Временски период:

јануари – март 2012

Улогата на АЦТ!:

Експертот на АЦТ! изврши анализа на: постоечката програма за обука за јавни набавки, извештаите за претходно спроведеното слично истражување и извештаите за евалуација на последните 5 завршени обуки спроведени во рамките на ЦОЈН. Врз основа на анализата, експертот разви нова детална програма за обука за јавни набавки за економските оператори.

Цел на ангажманот:

Изготвување на Правилник за еко дизајн на производи кои користат или влијаат врз потрошувачката на енергија.

Донатор:

ГИЗ Координативна канцеларија во Црна Гора

Временски период:

август 2011 – февруари 2012

Улогата на АЦТ!:

Експертот на АЦТ! го изготви Правилникот за еко дизајн на производи кои користат или влијаат врз потрошувачката на енергија, во којшто беа транспонирани релевантните прописи на ЕУ, вклучувајќи и изготвување на Кореспондентни табели. При тоа, експертот на АЦТ! ги имаше предвид и регионалните искуства и ги адаптираше кон специфичностите на националниот правен систем.

Цел на ангажманот:

Целта на ангажманот беше да се евалуира нивото на задоволство на БЈН  од услугите што им ги обезбедува, како и да се оцени напредокот во спроведувањето на надлежностите на БЈН и воопшто во  јавните набавки во Република Македонија, откако заврши циклусот интервенции поддржани од Програмата.

Донатор:

УСАИД, проект имплементиран од Светско учење Македонија

Временски период:

декември 2010 – март 2011

Улогата на АЦТ!:

Експертот на АЦТ! спроведе интервјуа со претставници на 25 договорни органи и 25 економски оператори и состави извештај во кој се содржани наоди и препораки во областа на јавните набавки, и  го претстави извештајот пред корисниците и донаторите.

Цел на ангажманот:

Мобилизирање на локалните ресурси на Градот Скопје, промоција на општинските потенцијали и расположиви локации за инвестирање кои ќе се рефлектираат во „Водич за инвеститори“ чија цел е да послужи како корисна алатка за зголемување на интересот на домашните и странски инвеститори за вложувања во Градот Скопје.

Донатор:

Град Скопје

Временски период:

декември 2010 – април 2011

Улогата на АЦТ!:

Експертите на АЦТ! беа ангажирани за осмислување на концептот и содржината на Водичот, собирање на потребните податоци за потенцијалната понуда на градот и општините во градот за  привлекување на инвеститори, како и обезбедување на дескриптивна и графичка презентација.

Цел на ангажманот:

Извештај за е-Трговија кој ги содржи деталните наоди и препораки за сите законски, административни и практични аспекти на е-Трговијата во Република Македонија.

Донатор:

УСАИД, проект имплементиран од Интерњус Нетворк

Временски период:

август – ноември 2010

Улогата на АЦТ!:

Експертот на АЦТ! изврши анализа на состојбата со е-трговијата во Република Македонија, изготви извештај со наоди и препораки и го презентираше на засегнатите страни.

Цел на ангажманот:

Воведување, развој и имплементација на апликации и системи за е-Влада со цел да се развие информатичкото општество во РМ и да се придонесе кон модернизација и зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација.

Донатор:

УСАИД, проект имплементиран од Интерњус Нетворк

Временски период:

август 2010 – март 2011

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! беше ангажиран во имплементацијата на повеќе активности од овој проект, односно во сите правни аспекти на проектот поврзани со анализа и измени на релевантни национални прописи, со работењето на проектот, но исто така и со одржување на бројни презентации и обуки во областа на работењето. Областите во кои АЦТ придонесе се: јавни набавки, увозно-извозни дозволи, пријавување/одјавување на работни односи, електронски документи и електронски потпис, авторски права и др.

Цел на ангажманот:

Анализа за организациска поставеност на Агенцијата за странски инвестиции од аспект на трговска промоција. 

Донатор:

УСАИД, проект имплементиран од Буз Ален Хамилтон

Временски период:

ноември – декември 2009

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! беше ангажиран да изработи споредбена Анализа и препораки за организациската поставеност на Агенцијата за странски инвестиции во однос на други агенции на кои им се доделени двојни надлежности (инвестициска и трговска промоција). Анализата им беше доставена на Министерството за економија и Агенцијата за странски инвестиции.

Цел на ангажманот:

Анализа на македонската извозна индустрија

Донатор:

Координациона канцеларија на ГТЗ во Скопје

Временски период:

мај – јули 2009

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! беше ангажиран од ГТЗ да изработи прашалник, спроведе интервјуа и истражување на избрана група на македонски извозно - ориентирани компании и да изработи и достави финална анализа и препораки за материјата.

Техничка помош на Дирекцијата за заштита на лични податоци

Цел на ангажманот:

Спроведување на истражување на теми поврзани со инвестирањето.

Донатор:

Светска банка

Временски период:

април 2009 и октомври 2011

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! беше ангажиран да спроведе истражување на следните 4 теми поврзани со инвестирање: започнување на странски бизнис, инвестирање во различни сектори, пристап до земјиште и арбитражно решавање на спорови.

Цел на ангажманот:

Унапредување на статусот на етничките малцинства и зајакнување на капацитетите за активно учество во креирањето на јавната политика на национално и локално ниво.

Донатор:

Европска Комисија во рамките на EIDHR и ФИООМ, имплементирано од НВО Заеднички вредности

Временски период:

јули- октомври 2008

Улогата на АЦТ!:

Во рамките на втората компонента (Лобирање и застапување и подигање на јавната свест) експерт на АЦТ! беше ангажиран да ја изработи следната публикација: “Водич низ националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на заедниците во Република Македонија”. 

Опис на Проектот

Поддршката на реформите во секторот енергетика во Северна Македонија е дел од Проектот на УСАИД за развој на регионални енергетски пазари. Проектот во Северна Македонија започна во декември 2017, и се фокусира на обезбедување на техничка помош и градење на капацитетите на Владата на Република Северна Македонија за усогласување на националното законодавство со политиките и регулативите на Европската Унија (ЕУ), согласно Третиот енергетски пакет и соодветно транспонирање на релевантото ЕУ законодавство. Главна цел на Проектот е да го унапреди деловното опкружување во енергетскиот сектор, и да обезбеди правна рамка за отворен, транспарентен и динамичен пазар на енергија и подобри енергетски услуги за домаќинствата и индустријата.

Проектни цели

Целите на Проектот во Северна Македонија се:

  • Да и помогне на Владата на Република Северна Македонија целосно да го усогласи националното законодавство со Третиот Енергетски пакет на ЕУ и барањата на Енергетската Заедница (ЕЗ), со што ќе се создадат подобри услови за развој на пазарите на енергија, согласно начелата на конкуренција, транспарентност и недискриминација, што ќе резултира во подобри енергетски услуги за потрошувачите, како за домаќинствата така и за индустриските капацитети.
  • Да и помогне на Владата на Република Северна Македонија да го усогласи националното законодавство со Директивата за Енергетска ефикасност на ЕУ, и барањата на ЕЗ, со што ќе се создаде законска основа и поволни услови за зголемување на енергетската ефискасност, намалување на потрошувачката на енергија, и развој на нови енергетски услуги како и пазар за овие услуги, што ќе резултира во отварање на нови работни места.
  • Да го подобри деловното опкружување за обновливите извори на енергија (ОИЕ), со цел да го стимулира искористувањето на ОИЕ, преку поедноставување на процедурите за инвестирање во ОИЕ и воведување на нови шеми за поддршка на ОИЕ на транспарентен и недискриминаторен начин, преку пазарно засновани процедури, што ќе има позитивно влијание на конкуренцијата и ќе се овозможи поквалитетно искористување на обновливата енергија.

Партнери на Проектот

Проектот во Северна Македонија ги развива, координира и имплементира активностите во соработка со главните проектни партнери:

  • Кабинет на Заменик на претседателот на Владата на Р. С. М. задолжен за економски прашања и координација со економските ресори
  • Министерство за економија
  • Регулаторна комисија за енергетика
  • Агенција за енергетика
  • Асоцијација за обновлива енергија при Стопанската комора на Македонија

Имплементатори на Проектот

Поддршката на реформите во секторот енергетика во Северна Македонија е имплементирана од Тетра Тек ЕС Инц. Арлингтон, САД (договорувач на УСАИД) и Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје (поддоговорувач), во рамките на Проектот на УСАИД за развој на регионални енергетски пазари.

2. ИСКУСТВО ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! е ангажиран од страна на ЛУКОИЛ постојано да обезбедува правна помош (следење и примена на законодавството) во следните области од деловен интерес на ЛУКОИЛ во Република Македонија: земјишта (планирање, оттуѓување, уредување), градење, енергетика (лиценци, барања, формирање на цени, итн.), човечки ресурси и постапки за вработување, инвестиции, комунални дејности и инспекции.

Покрај постојаниот ангажман со ЛУКОИЛ, АЦТ! беше дополнително ангажиран за спроведување на активности за развој на систем за управување со ризик за ЛУКОИЛ Македонија. Експертите на АЦТ! ги анализираа сите функции на ЛУКОИЛ во Македонија и во директна комуникација со вработените во ЛУКОИЛ ги утврдија сите можни ризици за компанијата, извршија нивна евалуација, а потоа ги оценија и подредија во пасоши, мапа и регистар на ризици согласно насоките дадени од страна на компанијата.

Времетраење:

март 2009 - тековно

Улогата на АЦТ!:

Експертите на АЦТ! одржаа презентација и практична демонстрација на функционалностите на Електронски систем за јавни набавки  на вработените во договорни органи (Општина Тетово, ЈКП Тетово, неколку основни и средни училишта во Скопје итн.) и во неколку економски оператори. Експертите на АЦТ! редовно даваат совети и помош на неколку договорни органи во подготовката на тендерската документација и во целосно спроведување на постапките за јавни набавки, а посебно при употреба на ЕСЈН.

Времетраење:

февруари 2010 - тековно

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! беше ангажиран од Балкан Гас постојано да обезбедува правна помош (следење и примена на законодавството) во следните области од деловен интерес на Балкан Гас: енергетика, човечки ресурси и постапки за вработување, инвестиции, комунални дејности и инспекции.

Времетраење:

септември 2013 – јануари 2018

Улогата на АЦТ!:

Експерти од АЦТ! беа ангажирани од Агенцијата за енергетика на РМ да изработат Правилник за внатрешна организација на Агенцијата и Правилник за систематизација на работни места во Агенцијата со цел нивно усогласување со новите прописи за административни службеници.

Времетраење:

март – август 2015

Улогата на АЦТ!:

Експерти и надворешни соработници на АЦТ! беа ангажирани од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово за воведување на заедничка рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба - CAF. Во рамките на применетата методологија експертите и назначените лица од Центарот одржаа неколку работни сесии преку кои се идентификуваа слабите и јаките страни на институцијата. Краен резултат беше изработка и избор на мерки кои треба да ги примени Центарот за да го подобри своето работење.

Времетраење:

март – јули 2015

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! беше ангажиран неколку пати од АПАВЕ СЕЕ за обезбедување на правна поддршка (мислења и комуникација со државни институции); како и за основање и регистрирање на две здруженија на граѓани и поддршка на нивните административни операции.

Времетраење:

февруари 2011 – декември 2014

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! беше ангажиран од страна на Кроациа Осигурување-Живот АД за давање правни и административни услуги во следните области: подготовка на материјали за собрание на акционери и одбор на директори, подготовка на прописи и процедури и/или верификација на нивната усогласеност со националното законодавство, следење и известување за измени и дополнувања на Законот за супервизија на осигурување, Законот за трговските друштва, Законот за облигационите односи, како и усогласување на условите и надоместоците со овие закони, изготвување договори за соработка од различни видови, подготовка на известувањата пред правно дејство, подготовка на одговори на жалби поднесени од страна на корисниците на исплатени штети, помош во подготовка, учество во Комисијата за жалби и подготовка на соодветни акти врз одлуките на комисијата.

Времетраење:

март 2013 - ноември 2014

Улогата на АЦТ!:

Изработка на интерни акти за заштита на лични податоци и изработка на Листа на мерки што треба да се преземат за ДЕКРА Посредување и Агенција за привремени вработувања ДЕКРА, и консултација во врска со мерките за заштита на лични податоци.

Времетраење:

февруари 2013 – октомври 2014

Улогата на АЦТ!:

Изработка на интерни акти за заштита на лични податоци и изработка на Листа на мерки што треба да се преземат од страна на Публицис ДОО, и консултација во врска со мерките за заштита на лични податоци во поглед на специфични договори со клиенти за промотивни кампањи.

Времетраење:

септември – октомври 2014

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! ја изготви сета неопходна документација и ги презема сите процедурални чекори  за регистрирање на заем во инвестиција во Централниот регистар на РМ.

Времетраење:

април 2014

Улогата на АЦТ!:

Изработка на нацрт модел Договор за франшиза на македонски јазик.

Времетраење:

ноември 2013 – февруари 2014

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! беше ангажиран да ги изготви документите потребни за основање и регистрација на подружница на компанијата во Македонија и да ги преземе потребните активности по регистрацијата.

Времетраење:

јануари – мај 2013

Улогата на АЦТ!:

Анализа на Законот за возила и трите подзаконски акти во кои се регулирани постапките опфатени со информацискиот систем, изработка на нацрт амандмани за изменување и дополнување на Законот за возила и трите подзаконски акти со образложение, и учество на работни средби со претставници на Бирото за метрологија и Министерството за економија заради дискусија на прописите и утврдувањето на финалниот нацрт текст на измените и дополнувањата на постојните прописи, односно на Уредбата.

Времетраење:

февруари - април 2013

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! беше ангажиран да ги изготви  документите потребни за основање и регистрација на фирмата и да ги преземе потребните активности по регистрацијата.

Времетраење:

јануари– февруари 2013

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! ја обезбеди целата логистика и координација во поглед на просториите за обука и опремата , како и помош на сертифицираните обучувачи од Бирото за јавни набавки. Организацискиот аспект вклучуваше и објавување на оглас, избор на учесниците, комуникација со нив и обезбедување на кетеринг и материјали за обука. Експертите на АЦТ!, кои се со долгогодишно теориско и практично искуство во областа на јавните набавки, продолжија понатаму со обезбедување стручна помош и поддршка за сите учесници во постапките за јавни набавки (договорни органи и економски оператори), особено при спроведување и/или учество на конкретни постапки за е-набавки и е-аукции.

Времетраење:

јануари – февруари 2012

Улогата на АЦТ!:

АЦТ! како локален партнер на IDC Adriatics, компанија за испитување на пазарите на информатичка технологија, изврши испитување на состојбата на македонскиот ИТ пазар во 2010 година. 

Времетраење:

мај – јуни 2011

Developed By: