АЦТ! ги фокусира своето работење и ресурси во следниве три области:

1. ПРОМЕНА (RE-ENGINEERING) НА ПРОЦЕДУРИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Обезбедување правна и друг тип на помош на институциите на централно и локално ниво, која вклучува:
види повеќе

  • Спроведување на анализа на националното и странско законодавство, вклучувајќи ги и политиките и законодавството на ЕУ
  • Изработка на предлог закони, подзаконски акти и придружна документација, вклучувајќи транспонирање на acquis во националното законодавство и изработка на Проценка на влијанието на регулативата (ПВР) и кореспондентни табели
  • Давање правни мислења и изработка на коментари на (под)законски акти, статути и договори
  • Давање помош во процесот на промена на внатрешната организациска структура и процедурипреку примена на алатки за управување со квалитет како што се: функционална анализа, CAF (заедничка рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба) и испитување на задоволството на клиентите
  • Изработка на технички спецификации и тендерски документации за набавка на различни стоки и услуги и обезбедување помош во спроведување на постапки за јавни набавки
  • Обезбедување поддршка во при воспоставување и имплементација на системи за е-Влада
  • Спроведување на обукиза јавните институции во областите на дејствување

Области на дејствување: Организација и работа на органите на државната управа, Права и обврски на административните службеници, Јавни набавки, Концесии и јавно - приватни партнерства, е-Влада и е-трговија, е-потпис и сродни услуги, Заштита на личните податоци, Работни односи, Надзор на пазарот, Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.


2. ПОМОШ НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Вид на помош на приватниот сектор:
види повеќе

  • Помош во процесот на основање и регистрација на трговски друштва и НВО, вклучувајќи составување и поднесување на документација за регистрација
  • Изработка на договори, статути и други внатрешни акти и процедури за трговски друштва и невладини организации
  • Давање совети за поврзани со Законот за трговските друштва и корпоративното управување, вклучувајќи подготовки на седници на собранија и одбори
  • Давање совети за постапки за добивање лиценци во домашна и меѓународна трговија
  • Обезбедување административна и правна помош во постапки за инвестирање и вработување, вклучувајќи и вработување на странски државјани во Република Македонија
  • Обезбедување помош во постапките за планирање, оттуѓување и пренамена на земјиште и добивање на градежни дозволи, вклучувајќи подготовка на документи и дописи со надлежни државни органи
  • Обезбедување поддршка во подготовка и поднесување на понуди за јавни набавки и користење на Електронскиот систем за јавни набавки
  • Давање совети и изработка на внатрешни правила и мерки за заштита на лични податоци при нивна обработка
  • Давање специјализирани совети за примена на законодавствоти за е-трговија и е-Влада
  • Застапувања за права од индустриска сопственост и давање совети за авторски права

Области на обезбедување услуги: право на друштва и корпоративно управување, регистрација и работа на НВО, работни односи, јавни набавки, земјишта, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, енергетски дозволи, животно осигирување


3. УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ (360° PROJECT MANAGEMENT)

Управување со проектен циклус:
види повеќе

  • Изработка на предлог проекти, проектна документација, проектни задачи (ToR) и тендерски понуди
  • Административно и оперативно менаџирање на проекти
  • Координирање на проектните партнери и консултанти

Испорака на специфични проектни резултати – Истражување и пренос на знаење:
види повеќе

  • Примена на статистички методи, подготовка на прашалници и примероци и статистичка анализа
  • Истражувања меѓу целните групи
  • Оценка на потребите за обука, спроведување на обука за управување со проекти и во областите на дејствување на АЦТ!

Преведување:
види повеќе

  • Превод на писмени документи
  • Проверка (proof reading) на преведени документи
  • Обезбедување на симултан и консекутивен превод