АЦТ! ПОТПИСНИК НА МЕМОРАНДУМИ ЗА РАЗБИРАЊЕ И СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И СО РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЗА ПОДДРШКА НА РЕФОРМИ НА ЕНЕРГЕТСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО

На 15 октомври 2018 година во рамките на Проектот за развој на регионални енергетски пазари -  Поддршка на реформите во секторот енергетика во Македонија, Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје, како подизведувач и имплементатор на проектните активности во Република Македонија, потпиша меморандуми за разбирање и соработка со Владата на Република Македонија и со Регулаторната комисија за енергетика. Проектот е финансиран од УСАИД и имплементиранnод американската компанија Tetra Tech ЕС како главен контрактор. Со потпишувањето на меморандумите беше официјализирана соработката помеѓу УСАИД и Владата на Република Македонија во однос на техничката помош што УСАИД ја обезбеди за хармонизирање на законодавството со Третиот енергетски пакет на директиви и регулативи на Европската унија и со барањата на Енергетската заедница. Како резултат на споменатата помош и поддршка беше изработен и новиот Закон за енергетика усвоен во мај оваа година.

Проектот обезбедува техничка помош на Министерството за економија и на Регулаторната комисија за енергетика за изработка на подзаконските акти (уредби, одлуки, правилници и правила), со што новиот Закон за енергетика ќе стане оперативен и применлив во пракса. Со ова се обезбедува правна рамка за целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, поврзување со регионалните пазари на енергија, како и обезбедување на поквалитетни услуги за домаќинствата и индустријата. 

Почнувајќи од 2019 година сите правни субјекти и домаќинствата ќе имаат можност да изберат снабдувач на електрична енергија по свој избор, како и да го променат снабдувачот доколку не се задоволни од услугите. Со новиот Закон за енергетика се создаваат услови за понатамошна диверзификација на производството на електрична енергија и се предвидуваат нови пазарни стимулативни мерки за производство на електрична енергија од обновливи извори.

 

Developed By: