ПРОМОЦИЈА НА СЕОПФАТНАТА БАЗА НА ПРОПИСИ, ПРЕВОДИ И ПРЕСУДИ ПРАКСИС

Тимот на ПРАКСИС (www.praksis.mk) имаше чест да ја презентира новата сеопфатна база на прописи, преводи и пресуди пред многубројните учесници на 79-тата Средба на правниците во организација на Здружението на правници на Република Македонија на која беше прославен и јубилеј – 50 години од постоењето на Здружението.

Внимателно одбраните опции, иновативниот, практичен и едноставен начин за следење на прописите, преводите и пресудите кои се главни карактеристики на базата ПРАКСИС им беа промовирани на правниците од јавната администрација, приватниот сектор, адвокатите, нотарите, извршителите, универзитетските професори, судии, итн. Покрај тоа, презентирани беа и иновативните функционалности кои ги нуди ПРАКСИС, како:

- Пристап до сите важечки основни текстови на прописи (закони и подзаконски акти) и нивни новели, вклучително и одлуки на Уставен суд со кои се укинува или поништува дел од прописот, пречистени текстови на сите важечки закони кои биле изменувани или дополнувани како и пристап до претходни верзии на пречистени текстови на закони;

- Пристапот до сите прописи, преводи и пресуди се одвива преку едноставно пребарување според називот или клучниот збор на прописот и напредно пребарување според: ПРАКСИС категоризација на прописи (според структура на Устав), надлежна институција, поглавја за преговoри со ЕУ и вид на пропис;

- ПРАКСИС содржи споредбен приказ на сродни и меѓусебно поврзани прописи и документи на еден екран. На пример, до пречистениот текст на законот може директно да се отвори и определена конкретна измена на законот, релевантниот пропис на ЕУ или судска пресуда поврзана со конкретен член од законот. ПРАКСИС содржи повеќе од 200 судски пресуди на основните и апелационите судови, како и на Врховен суд на Република Македонија, со кратко резиме и директна врска со конкретните членови од законот што биле применет, а ги има и регулативите, директивите и одлуките на надлежните тела на ЕУ и законите на други држави во кои е содржана истата или слична предметна материја како во националниот закон;

- При често изменување и дополнување на законите, ПРАКСИС овозможува корисникот во секој момент да го има ажурираниот пречистен текст на законот со што се олеснува неговото разбирање и применување;

- Секојдневно ажурирање и објавување на различни документи како што се: новели на законите, пречистени текстови на закони, подзаконски акти, судски одлуки, предлог закони, прописи на ЕУ, преводи...) и

- Испраќање нотификации по е-пошта до корисникот на дневна основа за секој нов објавен пропис, документ или информација во категориите избрани од корисникот.

За повеќе информации обратете се на: kontakt@praksis.mk или на телефон 02/3212-312

Developed By: