ВЕБИНАР: ДОГОВОРИ ЗА СОИНВЕСТИТОРСТВО И ДОГОВОРИ ЗА ГРАДЕЊЕ

ДОГОВОРИ ЗА СОИНВЕСТИТОРСТВО И ДОГОВОРИ ЗА ГРАДЕЊЕ:

ЕЛЕМЕНТИ ВО ДОГОВОРИТЕ СО ЦЕЛ ИЗБЕГНУВАЊЕ СПОРОВИ, СПОРНИ ТОЛКУВАЊА И СПЕЦИФИЧНОСТИ ОД СУДСКА ПРАКСА

Датум: 26.04.2023 година (среда)

Време: 10:00 - 15:00 часот

Место: конференциска врска ZOOM


АЦТ! како препознатлив партнер во професионалната едукација Ве поканува на уште едно онлајн советување за посветено на договорите за соинвеститорство и договорите за градење. 

Бројните предизвици во пракса произлезени од договорите за соинвеститорство и договорите за градење, како што се на пример: неможноста да се отпише заложно право – хипотека кога инвеститорот е во стечајна постапка и да се регулираат имотните листови; спорните толкувања во однос на раскинувањето на договорите за градење и активирање на банкарските гаранции како резултат на измените од 2019 год. на Законот за градежно земјиште од аспект на уреденост на градежно земјиште, што во пракса доведе до споменатите спорните толкувања за роковите за градење; улогата на Државното правобранителство во раскинување на договорите за градење, како и предизвиците пред кои се најдоа членовите на комисии за отуѓување на градежно земјиште во општините, а пред сѐ поради прашањето: кога почнува рокот за градење?; беа мотив да го организираме ова советување и низ призма на темите кои ќе бидат во фокус да ги споделиме различните аспекти на споменатата проблематика.

Информации и пријавување на obuki@act.com.mk и 075/227-126.

Developed By: