ДОНЕСЕН АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДО 2025 ГОДИНА СО ВИЗИЈА ДО 2030 ГОДИНА

Една од главните стратешки цели во енергетскиот сектор во Република Македонија е што поголемо искористување на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Ова е многу значајно за сигурноста на чистата енегрија, како и за создавање услови за одржлив енергетски развој на земјата и регионот.

Следејќи го законодавството усвоено од страна на Европската Унија во полето на ОИЕ, во почетокот на декември 2015 година Владата на Република Македонија го донесе,,Акционен план за обновливи извори на енергија на Република Македонија до 2025 година со визија до 2030 година“. Со овој Акционен план се предвидува уделот на обновливите извори на енергија во вкупната енергетска  потрошувачка во Република Македонија да достигне:

- 21% до 2020 година,

- 25% до 2025 година, и

- 28% до 2030 година.

Иако во наредните 15 години хидроцентралите ќе дадат најголем придонес од количината од ОИЕ, најголем раст се предвидува да има кај ветерните и кај фотоволтаичните централи.

Developed By: