Советување за примена на урбанистичката регулатива

АЦТ! организира практично советување за актуелните и најчестите прашања и предизвици поврзани со урбанизмот.


Главниот мотив за организирање на советувањето е фактот што и после тригодишната примена на урбанистичката регулатива сѐ уште постојат отворени прашања, а се отвараат и нови, како резултат на новите иницијативи и амбиции на инвеститорите за чија појава во голема мера влијае и актуелната економска и енергетска криза.


Целта на ова советување е низ интерактивна комуникација со учесниците, уште еднаш да се разгледаат и дискутираат прашањата и проблемите на кои се наидува во секојдневната примена на регулативата со фокус на следните теми:


  • Усогласеност на урбанистичката регулатива со законите кои регулираат области поврзани со планирањето,
  • Недостатоци и недоречености во регулативата кои влијаат на изработка и спроведување на плановите и планско-проектната документација,
  • Примена на подзаконските акти во изработка и спроведување на плановите и планско-проектната документација,
  • Примена на законот за урбано зеленило и влијание на истиот врз креирање на одржливи плански концепти,
  • Планирање на сообраќајната инфраструктура согласно новата регулатива, со посебен акцент на изградените и историски јадра и
  • Примена на новиот тарифник за пресметување на вредноста на урбанистичките планови.


ПРЕДАВАЧ

Д-Р ДУШИЦА ТРПЧЕВСКА АНЃЕЛКОВИЌ, дипл.инж.арх, експерт од областа на просторно и урбанистичко планирање со долгогодишно искуство во изработка на просторни и урбанистички планови, учество во работни групи за изготвување на законски и подзаконски акти и лиценциран обучувач на локалната администрација на теми од областа на просторно и урбанистичко планирање.


За подетални информации за советувањето и пријавување за учество контактирајте нè на: 075/227-126 или obuki@act.com.mk


Developed By: