Вести за Правната конференција: Започнато е пријавувањето и подготвена е агендата

Поттикнати од идејата дека знаењето е повредно кога ќе се сподели, инспирирани од средбите на правниците како места за меѓусебно запознавање, уверени дека теоријата е безгласна без праксата, уважувајќи ги сите правни професии и водени од страста за правото, ко-организаторите Здружение на правници и АЦТ! ДОО Скопје, Ве покануваат на 85-та Средба на правниците во ново руво како


ПРАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

08-10 јуни 2023 год., хотел Метропол, Охрид


Во случај да сте ја пропуштиле веста, пријавувањето за учество на ПРАВНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА започна!


Подготвена е и агендата за овогодинешната конференција која содржи интересни и актуелни теми, рефлектирајќи ги најновите трендови и најдобрите пракси во правото.


Ве покануваме да бидете дел од конференцијата на која преку динамични, интерактивни сесии, со бонус работилница за заштита на личните податоци и во современ аудиовизуелен амбиент ќе имате можност да ги проследите предавањата кои ќе ве запознаат со последните актуелности во повеќе правни области.


Попустот за рана пријава трае до 05.05.2023 година. Не пропуштајте го овој настан и регистрирајте се веднаш!


За да ви ја испратиме поканата и агендата за конференцијата пишете ни на mla@mla.org.mk и obuki@act.com.mk


Информации за конференцијата и лица за контакт: Анастасија Периќ (070/310-188) и Софија Христовска (075/227-126)

Developed By: