Правна конференција 2023

Правната конференција 2023 (85-та Средба на правниците) во коорганизација на Здружение на правниците на РСМ и АЦТ! ДОО Скопје која се одржа од 08-10 јуни во хотел Метропол, Охрид беше иновативен концепт со технолошка изврсност, динамична агенда, интерактивни презентации и панели. 24 предавачи, над 190 учесници, 4 покровители и 8 членови на конференцискиот тим се заслужни за ова инспиративно искуство!


После успешните 3-дневни конференциски активности, не можевме да одолееме на дружењето, па организиравме забава за вмрежување и инспирација во бар покрај Охридското езеро.


Одлично искуство, иновативните идеи, неверојатните предавачи и панелисти и несебичната енергија на учесниците - ова беше една од оние конференции кои што не сакате да ги пропуштите во иднина. 


Многу сме возбудени за следните можности и остануваме посветени на континуираната правна едукација!


Повеќе фотографии на следниот линк.

Developed By: