Eдукативни настани во октомври 2023

Ве покануваме на едукативни настани во октомври во организација на АЦТ! Придружете ни се и пријавете се за учество на настаните на актуелни теми кои ги подготвивме за овој месец.

Распоредот на настани е во продолжение:

18 октомври: Советување за финансиски институции на тема „Анализа на процесот на финансиска инклузија и проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам“

20 октомври: Советување за ЗОУП и прекршоци на тема „Прекршочна постапка во корелација со Законот за општа управна постапка, практичен осврт на текот на прекршочната постапка и предизвиците во пракса“ и

27 октомври: Советување за изготвување на правни прописи на тема „Предизвици во изготвувањето на правни прописи со посебен осврт на Одлуката за номотехнички правила за подготвување на законите“.


За информации за едукативните настани и начинот на пријавување контактирајте нѐ на 075/227-126 или преку е-пошта на obuki@act.com.mk

Developed By: