Нов и актуелен едукативен настан!
АЦТ! со задоволство го најавува новиот едукативен настан кој ги отсликува промените во работата на професионалците од област на правните работи и човечките ресурси! Најактуелните, современи теми за вработувањата и работните односи во ера на менливи околности на едно место – регулирање на работа од дома или комбинирана работа, договорни казни за непочитување на одредби од договорите за вработување, конкурентски клаузули и надомест за почитување на конкурентска клаузула по престанок на работен однос, новите трендови во регрутацијата, регулирање на континуирана едукација во договорите за вработување со посебен осврт на начин, висина и форма на обештетување, итн.
Тема: Прашања и предизвици во вработувањата и работните односи во ера на менливи околности
Датум: 01.12.2023
Време: 10:00 – 15:00
Локација: Хотел Квинс, Скопје
Овој едукативен настан со својата уникатност, има за цел да им презентира насоки и решенија на професионалците вклучени во процесот на вработување и во област на работните односи и да ги подготви за иднината!
Одважете се да ги истражите новите теми, да се вклучите во дискусиите и да ги проширите знаењата со компетентни предавачи во областа!
За пријавување или подетални информации за овој настан, пишете ни на на obuki@act.com.mk
2023 ACT Consultancy services