Во годината која изминува, АЦТ! ДОО заедно со своите соработници - експерти во бројни области кои беа во фокус на едукативните настани во 2019 година, успеа да реализира повеќе од 25 едукативни настани посетени од повеќе од 1.000 учесници.
Во првата и втората едукативна сезона од 2019 година во организација на АЦТ! беа одржани едукативни настани (обуки и советувања) на актуелни теми, и тоа:
- „Специфики на новиот Закон за јавни набавки и насоки за негова правилна примена“
- „Дисциплинска и материјална одговорност на административни службеници“
- „Функционална анализа и други предизвици во имплементација на законите за државната администрација“
- „Кумулација на тужбени барања: истакнување на повеќе тужбени барања во една тужба, спојување на повеќе тужби во една парница, тужба и против-тужба и посебен осврт на закони за истакнување на повеќе тужбени барања во една тужба низ судска и адвокатска пракса“
- „Градежно земјиште: отуѓување, давање под закуп, стварна службеност, трајно користење и судска пракса“
- „Новини во прекршочната низ призма на последните измени на Законот за прекршоците“
- „Дисциплинска одговорност на административни службеници со посебен акцент на постапување на првостепениот орган во случај на поништување на првостепената одлука“
- „Правила и предизвици при изготвување на прописите“
- „Законски усогласено работење на трговците од аспект на Државниот пазарен инспекторат“
- „Примена на Законост за општа управна постапка, правни лекови и водење на второстепена постапка“ и други.
Верувајќи дека скроените едукативни настани според потребите на учесниците, актуелности и пресретнатите новини во законската регулатива, практичниот аспект на секој едукативен настан, компетентноста и квалитетот на предавачите се препознатлив белег во работењето на АЦТ!, тимот продолжува и во новата 2020 година да нуди разновидна едукативна содржина и да биде препознатлив партнер во професионалната едукација.
2023 ACT Consultancy services